Сиропиталиштето „Богдај“
Сиропиталиштето „Богдај“
Сиропиталиштето „Богдај“

Сиропиталиштето „Богдај“

Градска Прошетка 333 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Сиропиталиштето „Св. Никола – Богдај“ се наоѓало во близина на „Црн Мост“, во објект кој бил некогашна беговска куќа. Пред да стане сиропиталиште, во 1935 година, објектот работел како интернат за средношколци. За време на Втората светска војна се користел како дел од бугарскиот затвор и заради оваа дејност бил срушен по Ослободувањето.
Со сиропиталиштето управувал светиот владика Николај Велимировиќ. Преку настаните што се опишани во книгата „Избрани записи и кореспонденција на игуменот Ана Аџиќ“, владиката Николај бил познат по својата добрина и бил омилена личност кај децата и посиромашните. Тој го купил овој објект, и заедно со изворот на светата вода, кој се наоѓал во дворот, го уредил просторот како место каде ќе се хранат и чуваат сиромашните деца од Битола. Сиропиталиштето било посветено на Св. Никола и свечено се отворило на 1. декември 1935 година.
Владиката Николај ја назначил Надежда Аџиќ за управител, која подоцна станала калуѓерка Ана и игумен на манастирот Враџевшница. Надежда Аџиќ потекнувала од познато белградско семејство. Таа била побожна, многу образована девојка која се занимавала со хуманитарна работа во добротворното друштво „Мајка на Евроносиј“ и во Домот за сирачиња во близина на црквата Пресвета Богородица во Белград. Во тој детски дом, се наведува во книгата, „Надежда ја посети Преосвештениот епископ Охридски и Битолски, Николај Велимировиќ, кој ја оцени нејзината способност и пожртвуваност и ја замоли да оди во Битола и да ја продолжи својата Божја задоволна работа“. Сестра Нада пристигнала во Битола на почетокот на декември 1935 година, каде подготвувала храна за сиромашните деца во сиропиталиштето.
Децата во сиропиталиштето имале своја песничка, химната „Богдај“, која им ја пеел владиката Николај. Во песната живописно се раскажува каков бил животот во детскиот згрижувачки дом. Во сиропиталиштето, освен сестрата Надежда, работеле и други сестри, меѓу кои и три монахињи кои се грижеле за децата. Децата останувале во него во текот на денот додека не биле на училиште, а помалите деца најголемиот дел од денот го поминувале тука. Едно од децата кои пораснале во сиропиталиштето „Богдај“ било и Лазар Колишевски, познатиот македонски комунист и некогашен премиер. За децата, домот обезбедувал два оброка: појадок и ручек. До крајот на 1935 година, за само еден месец, во домот имало дваесет деца. Со почетокот на Втората светска војна, владиката Николај и сестрата Аџиќ се вратиле во Србија и престанало да работи сиропиталиштето „Богдај“.
Сподели: Facebook Twitter