Хамзабегова Џамија
Хамзабегова Џамија
Хамзабегова Џамија

Хамзабегова Џамија

Градска Прошетка 316 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Амамот Дебој е еден од неколкуте турски бањи во Битола и се наоѓа во Старата чаршија. Во негова близина некогаш се наоѓала и Ески џамија, која денес веќе не постои.
Овој амам се претпоставува дека бил изграден некаде во периодот од XVI до XVIII век, но кога точно и од кого бил подигнат, не ни е познато. Сепак, објектот со својата монументалност, ѕидарија и богатите украси по ѕидовите, припаѓа во „златниот век“ на османлиската архитектура. Амамот бил граден во алтернација на камени квадри и тули со спојници на хидрауличен малтер, кој бил користен и за малтерисување на ентериерот, што е сосема оправдано со оглед на функцијата на објектот и можноста од оштетувања предизвикани од влага. Фасадата е украсена со сталактити, штуко-декорација по ѕидовите, а куполите некогаш биле и декорирани со отвори во форма на ѕвездички, низ кои продирала светлина во внатрешноста.
Амамот Дебој бил двоен - „чифте“ амам, составен од женски и машки дел. Женскиот дел е поголем по димензии, побогато украсен и одвоен со ѕид од машкиот. Се состоел од голема поткуполна просторија со квадратна форма наменета за гардероба, со шестострана лантерна во центарот на куполата, низ чии отвори влегува светлина во внатрешниот простор и шадрван под неа. Во женскиот дел имало и капалук (наменета за одмор), мејдан (наменета за масажа) и две помали простории – траш хани (наменети за депилација), сместени лево и десно од мејданот, после кои следат простории кои припаѓаат на халветот (наменети за капење). Машкиот дел се состоел само од шадрван (решен на ист начин како и кај женскиот дел), капалук и халвет, кои биле помали по димензија. Во „Дебој-амам“ имало маси за масажа, губек таш, курни, хазна и ќулхан.
Загревањето на амамот се обезбедувало по принципот на хипокаусти, односно со струење на топол воздух меѓу подовите и ѕидовите. Внатрешноста била богато украсена со флорални и геометриски орнаменти и просториите биле засводени со куполи носени од тромпи, полуобличести или огледални сводови со ѕвездести отвори кои овозможуваат осветлување на ентериерот.
Дебој бил реставриран и конзервиран во 1967 година, а денес за жал, функционира како супермаркет.
Сподели: Facebook Twitter