Црквата Св Архангел Гаврил
Црквата Св Архангел Гаврил
Црквата Св Архангел Гаврил

Црквата Св Архангел Гаврил

Цркви и Манастири 379 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Црквата „Св. Архангел Гаврил“ се наоѓа во населбата Довлеџик, во близина на Педагошкиот факултет, на излезот од Битола кон Охрид и на патот кој води до Националниот парк „Пелистер“ на Баба Планина. Црквата е позната по нејзините мали и симпатични димензии, а истата е дел од еден огромен заграден простор во чиј состав има гробишта, една помала капела со света вода, параклис, базен и други помошни објекти.
Храмот е со мали димензии и основа во форма на крст. Таа е еднокорабна и нема нартекс. Има тристрана апсида и осумаголна купола. Изградена е од кршен камен и тули, меѓусебно поврзани со малтер. Камењата и тулите се видливи однадвор и истите го формираат полихромниот раскош на нејзината фасада. На влезот има портик со два столпци, а над него фасадата е украсена со слепи полукружни ниши. Слепите полукружни ниши ја украсуваат и фасадата на јужниот и на северниот ѕид, но кај нив се истакнуваат трифорите кои формираат по три прозорци во средината на ѕидот. Кај апсидата пак, централниот дел од фасадата е дополнет со ниша, при што архитектонски се означува најсветото место во црквата – олтарот.
Месноста каде што се наоѓа црквичето „Св. Архангел Гаврил“ е населбата Довлеџик. Довлеџик се развива во XVI и XVII век како излетничко место со 70-80 куќи. Во наредните векови станува собиралиште за војска, каде војниците се стационирале и се подготвувале пред заминување на поход. Потоа, во XIX век биле изградени муслимански гробишта во близина, а на местото кај сегашното црквиче никнале христијански гробишта. Тука, луѓето од потпелистерските села ги погребувале своите покојници. Тие си изградиле своја капела, а потоа ја подигнале и оваа црква.
Од почетокот на XX век до Првата светска војна, во еден од помошните објекти до црквичето, работел Битолскиот просјачко-гусларски центар, со кој раководел учителот гуслар Ташко Павлов. Негов ученик бил последниот битолски гуслар Коста Михајлов- Најче. По Првата светска војна, голем број војници кои го изгубиле животот во војната, биле погребани во гробиштата во оваа црква.
Сподели: Facebook Twitter

Локација

Види на мапа