Дебој Амам
Дебој Амам
Дебој Амам

Дебој Амам

Градска Прошетка 335 прегледи

Аудио водич

0:00 0:00
Хамзабеговата џамија, поточно џамијата Хамза-бег или џамијата на Три шеици, се наоѓа во близина на основното училиште „Стив Наумов“. Таа била изградена во (или околу) 1634 година, а според два датума, кои се наоѓаат на нејзината фасада, таа била обновена во 1798 и 1857-1858 година.
Џамијата е многу интересна од архитектонски аспект. Таа има основа со правоаголна форма и со правоаголна апсида. Има само една купола. Минарето е високо 23,4 метри и има шерефе украсено со сталактити и мермерен парапет. Затворениот трем бил изграден за време на реновирањето во 1857-1858 година. Нејзиниот ентериер е скромен. Посебно се истакнуваат апсидата со нејзините два сводести прозорци.
Формата на џамијата, како и нејзината внатрешност, потсетуваат на црква. Можно е овој необичен дизајн да е последица на заемното влијание меѓу византиската и османлиската архитектура. Меѓутоа, таквиот комбиниран стил се јавил и почнал да се развива два века пред да се изгради Хамзабеговата џамија, осносно на почетокот на XV век. Друга теорија е дека објектот претходно бил црква, или пак недоградена црква која била доградена како џамија, но точни податоци за оваа теорија денеска не постојат.
Џамијата станува центар на дервишкиот ред суфиски Халвети во Битола. Таа всушност била цел комплекс, кој имал и халветиско теќе и турбе, мектеб и медреса, која се викала „Тефикије“. Според легендата, Хамзабеговата џамија настанала кога во Битола дошле тројцата дервиши: Ибрахим, Абдул Керим и Ахмед од халветиското теќе „Зејнел Абедин-паша“ од Охрид. Тие формирале и вакаф составен од 17 куќи. Оваа џамија, поради тројцата шеици била особено почитувана меѓу населението, па често и христијаните и муслиманите оделе во потрага по спас и решение на своите проблеми.
Дарители на џамијата биле Дефтердар Али во 1853 година и Емир-паша во 1864 година и затоа во XIX век храмот бил познат и под тие имиња. Објектот прилично многу настрадал во Првата светска војна. Денес, од целиот џамиски комплекс, зачувана и потполно реконструирана е само џамијата, а во дворот можат да се видат и неколку надгробни споменици.
Сподели: Facebook Twitter